Дома Фудбал Англија Ван Дијк: Во младоста заработував 350 евра миејќи садови и бев среќен

Ван Дијк: Во младоста заработував 350 евра миејќи садови и бев среќен

van dijk

Вирџил Ван Дијк денес е еден од најдобрите и најплатените фудбалери во светот, но неговиот пат не бил така лесен.

Холанѓанецот веќе неколку пати зборуваше во јавноста за тешкото детство, а сега откри како додека одел на тренинзи заработувал за живот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот стопер на Ливерпул кога имал 15-16 години заработувал така што миел садови во Бреда.

„Кога отидов во Гронинген, морав да одам со велосипед на тренинг. Првата плата ја дадов за уплатам часови за возење. Пред да потпишам договор, имав 15 или 16 години и тогаш заработував така што миев садови во Бред. Тренирав понеделник, вторник и четверток и играв во сабота, а работев среда и недела од шест наутро до полноќ. Бев среќен со тие 350 евра бидејќи така можев да излезам со моите пријател во Мекдоналдс“, изјави Ван Дијк за „Би-Би-Си“.

Ван Дијк денес е еден од најважните фудбалери на Ливерпул и кога го нема него во одбраната тимот на Јиген Клоп изгледа навистина поинаку.

Интересно е што неодамна се појави вест дека Арсенал можел да го купи Ван Дијк за сума од 12 милиони евра додека Холанѓанецот го носел дресот на Селтик. „Топџиите“ во тоа време одбиле да го ангажираат бидејќи го сметале за преценет.

Оваа сезона Ван Дијк одигра вкупно 32 натпревари постигна еден гол и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…