Хари Мегваер стана најскап стопер во историјата кога минатото лето за 87 милиони евра премина од Лестер во Манчестер Јунајтед.
Одличниот дефанзивец имаше некои добри настапи во дресот на Јунајтед, но во неколку ситуации беше жртва на напаѓачите кои лесно поминуваа покрај него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен кој го направи тоа беше играчот на Бурнемот Жуниор Станислас кој му ја турна топката низ нозете и постигна гол.
Harry Maguire ladies & gentlemen ? pic.twitter.com/zimrnjLj7Z
— Hillzy ~ Chisikana EP… (@Pride_xo) July 5, 2020
Жесток коментар на оваа ситуација неколку дена подоцна даде холандскиот фудбалер Рафаел Ван Дер Варт.
„Мислам дека Мегваер секој ден доаѓа дома кај неговата жена и и зборува: Немам поим од фудбал, а заработувам толку пари. Навистина веруваат дека сум добар“, изјави Ван Дер Варт.
Ваквите зборови сигурно нема да му се допаднат на Мегваер, а ќе видиме дали ќе има некаков одговор.