Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Сакам да бидам легенда на Ливерпул

Ван Дајк: Сакам да бидам легенда на Ливерпул

Вирџил ван Дајк изјави дека сака да биде легенда на Ливерпул и да ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Холанѓанецот кој пристигна на Енфилд во јануари 2018 година брзо стана миленик на навивачите на Ливерпул и еден од најважните фудбалери во тимот на Клоп.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ван Дајк се етаблираше во најдобриот дефанзивец во светот, а минатата година беше и во конкуренција за „Златната топка“.

„Сакам да бидам запаметен како легенда на Ливерпул. Мојата желба е да постигнам исклучителни нешта тука. Имаме фантастичен тим и располагаме со се што е неопходно за да имаме успеси – тренер, уникатен тим, стил на игра, одличен стадион и навивачи“.

„Да, би сакал да бидам еден од оние играчи кои ја завршуваат кариерата на „Енфилд“ и после тоа да останам во клубот. Ги гледам легендите на Ливерпул кои доаѓаат на стадион да ги гледаат натпреварите и се чувствувам како дел од навистина големо семејство“, истакна Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалот е повеќе од игра: Суарез и Кавани ќе добијат свои улици

Некои фудбалери се икони и легенди во своите земји, а тоа особено важи за Јужна Америка ка…