Дома Фудбал Останато ВАЛВЕРДЕ СО ПРАВО Е ЛУТ НА УПРАВАТА: Сега ги предупреди, во јануари мора да го отворат кесето

ВАЛВЕРДЕ СО ПРАВО Е ЛУТ НА УПРАВАТА: Сега ги предупреди, во јануари мора да го отворат кесето

Барселона има проблем, Валверде беше лут на управата кога го продадоа Диње на Евертон за 20 милиони, а не доведоа замена.

Лев бек е Алба, нема конкуренција, минатата година одигра 50 од 62 натпревари. Но, кога ќе се повреди, како што беше случај минатата недела, тогаш Валверде нема решение. Се обиде со Вермален, но испадна како неуспех, ниту Роберто не е решение, а во првиот тим е промовиран Миранда, дете од школата, кој е талентиран, но потребно му е време.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Валверде бара искусен играч, талентираниот Кукуреља беше продаден на Еибар со опција да го откупат следното лето, ако покаже квалитет, но Валверде инсистира на тоа да се доведе лев бек во јануари. Директор Абидал за сега нема решение, го гледаа Леонардо Балерди од Бока, не ги задоволи вкусовите на клубот, а како што се зборува, гледаат кон Мадрид, Фелипе Луис е заинтересиран да се пресели на „Камп Ноу“, договорот му истекува во јуни, па Атлетико би можел да заработи на искусниот Бразилец.

Но, ниту Симеоне по продажбата на Врсаљко нема опција, бидејќи Хрватот може и лево, иако Лукас Ернандез може да настапи на таа позиција. Во корист на Барса оди слабата форма, но и незаинтересираноста на Луис за кого се зборува дека е во конфликт со Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати и детали од новиот договор на Вардар со главниот спонзор

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, и неговиот долгогодишен партнер „Новомати…