Дома Фудбал Валверде искрен: Во Саудиска Арабија сме само поради пари

Валверде искрен: Во Саудиска Арабија сме само поради пари

Шпанскиот Суперкуп оваа година се игра во нов формат и тоа во Саудиска Арабија.

На турнирот учествуваат четири клуба, па Барселона денес ќе ги одмери силите со Атлетико Мадрид за пласман во финалето, каде веќе се пласира Реал Мадрид.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Во корпоративниот свет во кој живееме, фудбалот не е имун на парите, па Валверде искрено потврди дека единствен мотив на ваквиот турнир во Арабија се само парите.

„Ова е целосно различен формат на натпреварување во однос на тоа што го имавме претходно, на тоа што сме се навикнале, секако ќе добива критика сево ова, меѓутоа форматот е интересен. Меѓутоа, гледано од спортски аспект, едноставно не сум сигурен“.

„Фудбалот во денешно време е бизнис, а како бизнис основна цел се парите, токму тоа е причината зошто ние сме тука“, истакна Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве зошто Матјаж Кек доби директен црвен картон против Португалија

Португалија ја совлада Словенија со 3:0 на пенали и се пласираше во четвртфиналето на ЕП. …