Фудбалерите на Барселона изминатиот викенд ремзиираа на гостувањето против Севиља во дербито на 30. коло во шпанската Ла Лига.
Севиља беше на чекор од тоа на Барселона да и го нанесе првиот пораз оваа сезона во Ла Лига, но иако имаа водство од 2:0 пет минути пред крајот, сепак во финишот се заврши дуелот со резултат 2:2. Ернесто Валверде го остави Лео Меси на клупата пред оваа средба, но по вториот гол на Севиља беше принуден да го внесе во игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските камери, како што е и обичај, успеаа да го доловат моментот додека Меси одеше кон клупата за да се подготви за влегување на теренот, а Ернесто Валверде за него имаше само едно барање. „Дојди мораш некако да го поправиш ова“, му порача тренерот на Барселона.
Меси го исполни барањето па за само две минути успеа да ги врати работите на почеток. Прво Суарез намали на 2:1, а конечните 2:2 ги постави токму Меси со фантастичен погодок од дваесеттина метри.