Дома Фудбал Валверде даде коментар за ситуацијата на Ракитиќ

Валверде даде коментар за ситуацијата на Ракитиќ

Иван Ракитиќ завчера изјави дека во моментов не се чувствува среќен во Барселона затоа што клубот му го зел тоа што најмногу го сака, топката.

Ракитиќ изјави дека се чуствува како девојче на кое му е одземена играчката, со што повеќе ги засили шпекулациите за негово заминување од Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Изјавата на Ракитиќ ја искоментира и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој очигледно не е многу загижен за Хрватот.

„Ракитиќ се чувствувал како девојче на кое му е одземена играчката? Немам коментар на зборовите на Иван“, изјави Валверде.

Ракитиќ во Барселона е повеќе од пет години, но оваа сезона се најде во немилост на тренерот кој му дава многу помала минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тони Крос до Саудиска Арабија: Кој ќе ве гледа, ако Кристијано замине?

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос повторно е во центарот на јавноста поради …