Жозе Мурињо беше суспендиран за четвртфиналните натпревари помеѓу Челзи и Баерн Минхен во Лигата на шампионите во 2005 година, тоа беше откако неговиот Челзи ја елиминираше Барселона во два фантастични натпревари во осминафиналето.
По тој натпревар Мурињо беше казнет со два натпревари поради лажните обвинувања дека Рајкард влегол во соблекувалната за време на првиот натпревар на „Камп Ноу“ кој Барса го доби со 2:1, Челзи дома славеше со 4:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
15 години подоцна Мурињо откри дека успеал да ја измами УЕФА и раскажа како се нашол во соблекувалната на „Стенфрод Бриџ. Имено во подтрибинскиот простор и внатре во соблекувалната бил донесен метален контејнер. Кога веќе Мурињо го откри тоа за таа сцена сега зборуваше и Џон Тери.
„Таква лудост може да направи само Мурињо и никој друг. Меѓутоа сите имаа почит и никогаш не се откри додека тој самиот не зборуваше за тоа. Тој веќе ви кажа дека беше скриен во метален контејнер и така влезе во соблекувалната. Кога го донесоа едвај чекаше да излезе за да земе воздух. Излезе и одма се фати за работа, ни одржа говоро и ја спреми тактиката. И пред натпреварот ни кажуваше за лудоста која ја спрема, па затоа не бевме изненадени. Се однесуваше како татко, сакаше да знаеме дека секогаш ќе биде тука за нас што и да се случи“, раскажа Тери.