Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон во големо интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за своите спортски идоли, а ги спореди Роналдо, Меси, Федерер и Надал.
Буфон изјави дека за нејголем херој е поранешниот возач во Формула 1, Алекс Заранди кој во една несреќа во 2001 година остана без двете нозе. Неговиот сонаордник продолжи да се трка и стана успешен параолимпиец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Малку кој психички би се опоравил од тоа, а не пак повторно да се занимава со спорт. Тој е најдобар пример колку желбата. Со таков хендикеп тој продолжи да живее со голем ентузијазам, а тоа го можат само посебни луѓе“, изјави Буфон, а потоа го спореди тенисот со фудбалот.
„Федерер е безвременска класа и совршенство, додека Надал е неверојатен војник. Секако и тој е голем талент, но до врвот дојде со големо залагање и константна желба да биде се подобар. Би ги споредил нив двајца со Меси и Роналдо. За мене Федерер е Меси, а Рафа Кристиано“, изјави Буфон.