Рома и Јувентус во последниот натпревар од Меѓународниот куп на шампиони одиграа 1:1, но по пеналите славеше „Старата дама“ со 5:4. Јуве поведе преку Манџукиќ, за потоа „Волчицата“ да го изедначи резултатот преку Един Џеко.
„Се уште е подготвителен дел. На почетокот на натпреварот игравме добро, но потоа малку се изгубивме, не знам зошто. Меѓутоа, во второто полувреме тоа беше добро против тешкиот противник, ова е добар резултат на оваа турнеја“, изјави Џеко кој даде гол по асистенцијата на Александар Коларов кој ова лето пристигна од Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Коларов и јас многу добро се познаваме. Многу пати ми асистираше во Премиер лигата кога игравме за Манчестер Сити, па се навикнав на тоа. Тој е одличен играч кој нас ќе ни биде од голема помош и мило мие што е овде“, додаде Џеко и коментираше и за Јуве.
„Јувентус остана силен, останатите клубови се засилуваа, но сметам дека претстојната сезона во италијанската Серија А ќе биде поубава од изминативе години“.
„Освоивме шест титули по ред што беше тешко, но седмата титула за да се освои ќе биде многу тешка. Сите се засиливме, но нашите цели остануваат исти. Но, не заборавајте ги Наполи, Милан и особено Интер, како и Лацио“, изјави Масимилијано Алегри.
„Пред нас е тешка година, сите се засилија, но се радувам на предизвиците. Веруваме во себе“, изјави Буфон.