Дома Фудбал Италија Буфон: Ако во 2018 не дојдеше понудата од ПСЖ ќе се пензионирав

Буфон: Ако во 2018 не дојдеше понудата од ПСЖ ќе се пензионирав

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон и на 43 години се уште активно брани, во овој момент го носи дресот на Парма во Серија Б.

Буфон сега призна дека во 2018 година кога го напуштил Јувентус бил блиску да се пензионира. Во пензија Буфон сакал да замине по поразот од Шведска во баражот за Мундијалот во 2018 година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Разговарав со мојот агент во февруари 2018 година. Тогаш му кажав дека тоа ќе биде моја последна активност. Мислењето можев да го променам само ако дојде понуда од Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. На крајот дојде од ПСЖ“, откри Буфон за „Газета“.

Во редовите на ПСЖ Буфон помина една сезона, а потоа се врати во Јувентус, за по две сезони да се пресели во Парма, тим кој веројатно ќе биде негов последен во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола нема да се појави на прес-конференцијата пред натпреваарот на Манчестер сити!

Манчестер Сити во недела (15:00) ќе биде гостин на Кристал Палас, но Пеп Гвардиола нема да…