Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо смета дека во двомечот со Атлетико Мадрид ќе одлучуваат детали и дека клучен ќе биде првиот дуел на „Сантиаго Бернабеу“.
Атлетико никогаш не го елиминирал Реал во европските натпреварувња, а ги загуби двете последни фуналиња во ЛШ 2014 и 2016 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секоја година е поинаку, секој натпревар е поинаков. Добро се познаваме. Атлетико одлично ги користи грешките на противникот, има одлични напаѓачи и е многу силен во одбрана. Во вакви натпревари една мала грешка може да реши се, концетрацијата мора да биде на највисоко можно ниво“, изјави Бутрагењо.
„Во теорија ревашот дома може да биде предност, но се зависи од резултатот во првиот натпревар. Мораме да одиграме одлично дома и да се избориме за добар резултат. Сепак, мораме да одиграме два одлични натпревари, ако биде така одиме во финале без сомнеж“, заклучи директорот на „кралевите“.