Eден од најдобрите играчи на Вардар Сташ Скубе наводно е на мета на германски Хановер.
Реномираниот „Билд“ објави дека бундеслигашот е сериозен во намерата го доведе Словенецот како замена за Мортен Олсен кој се враќа во Данска во тимот на ГОГ Гудме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишуваат Германците покрај Скубе во игра за таа позиција во Хановер е Миха Зарабец меѓутоа наводно ракомтарот на Вардар им е прва мета.
Скубе во редовите на Вардар дојде во 2018 година и се покажа како полн погодок, па клубот набрзо го продолжи неговиот договор до 2022 година. Заминувањето на играч како Скубе нема сомневање дека би бил тежок удар за актуелниот европски шампион.