Ако им веруваме на обложувалниците повеќе нема дилеми.
Обложувалниците во изминатите денови често ги менуваа коефицинетите кога во прашање е наследникот на Јулиен Лопетеги, но сега одлучија еден човек целосно да го исфрлат од понудата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коефициентот за Сантијаго Солари падна на само 1.50, после јавната поддршка од неколкумина фудбалери, но најголем број уплати биле забележани на Арсен Венгер и него повеќе го нема во понудата.
Ќе потсетиме, Солари се уште е приврмеен тренер на Реал, но се очекува во наредните денови да ја официјализира соработката барем до крајот на сезоната.
Сепак, ситуацијата со обложувалниците и исфрлањето на Венгер од понудата малку и ги менува работите. Дали знаат нешто повеќе останува времето да покаже.
Покрај Венгер како потенцијални наследници се споменуваа Конте, Покетино, Мурињо, Гути…