Дома Фудбал Репрезентации Бугарија по дебаклот против Грузија остана без селектор

Бугарија по дебаклот против Грузија остана без селектор

Репрезентацијата на Бугарија претрпе срамен пораз од Грузија од 2:5 во рамките од Лигата на Нации во групата во која е и Македонија.

После ваквиот пораз Петров порача дека чувствува потреба да си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Прво сакам да им се заблагодарам на луѓето кои дојдоа и не го заслужија тоа што го видоа. Немам морално право да останам. Ќе се разделиме и тоа е нормално, ја преземам целосната одговорност. Се надевам дека ќе дојде личност која ќе може да ги мотивира фудбалерите на најдобар начин, ова беше мој последен натпревар. Правевме многу грешки во одбраната“.

„Во еден момент бевме во натпреварот, на 2:0 даваме гол, а веднаш потоа примаме. Ова беше една лоша вечер за бугарскиот фудбал, се извинувам за сите за ваквиот епилог“, изјави Петров по поразот.

Во нашата група сега лидер е Грузија со шест бодови, ние сме втори со четири, Бугарија има еден, а Гибралтар ниту еден. Веќе во четврток во Скопје Македонија ќе се сретне со Грузија и тоа ќе биде важен натпревар во борбата за првата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…