Марсело Брозовиќ ова лето го напушти Интер и реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Наср.
31-годишниот играч за врска сака да се врати во Европа, за да има одлична форма за Европското првество, а силен интерес за него покажува Галатсарај.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Турскиот клуб го сака Хрватот во јануари на позајмица до крајот на сезоната, а Брозовиќ е заинтересиран за преселба во Турција.
Сега останува да видиме дали Ал Наср е спремен да го пушти Хрватот на позајмица во јануари.