Само ретки „среќници“ од странство имале чест да следат фудбалски натпревар во Северна Кореа, а еден од нив бил и репотерот на реномираната телевизиска куќа „ББС“ кој на веб порталот на својот медиум ги објави своите импресии од натпреварот помеѓу Пјонгјанг и Аморкганг.
На странците им е дозволено да ги следат спортските случувања во оваа земја, а Тим Хартлеј пишува дека одењето на стадионот или гледањето фудбалски натпревар во оваа земја е навистина чудно и многу поинакво отколку во другите делови од светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој влегол на стадионот каде што присуствувале 50.000 луѓе. Сите седишта биле уредно пополнети, пред натпреварот се оддавало чест на големиот лидер Ким Јонг Ун и членовите на неговото семејство, а потоа сите уредно седнувале на своите места и молчеле.
Сите биле облечени исто. Црни одела, бели кошули, црна машна и беџ на десната страна. Тоа не е беџ со логото на некој од тимовите, туку беџ со ликот на големиот лидер.
Нема штадови за пуканки, кафе, хот-дог….Само 50.000 фудбалски фанови кои мирно го гледаат одмерувањето на силите, нема навивање, знамиња, ниту кореографии.
Хартлеј пренесува дека кога бил досуден пенал за Пјонгјанг, публиката не направила аполустно никаква реакција, извици на одобрувања или негодувања, едноставно не постојат на стадионите во Северна Кореа, тие само седат молчат и гледаат.
Во земјата каде што морате да барате дозвола да зборувате, скандирањето на еден фудбалски натпревар се смета за некултурно однесување. На крајот во репортажата на Хартлеј тој заклучува дека Пјонгјанг едноставно бил тимот кој морало да победи на овој натпревар и дека судиите имале посебни инструкции за делењето на правдата.