Македонската ракометна репрезентација запиша победа против Чиле (32:29) и се пласира во втората фаза од Мундијалот во Египет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Македонија прими многу голови, сепак селекторот Брестовац истакна дека токму одбраната била клучот на победата и дека бековите функционирале одлично.
„Во вториот дел од натпреварот ја подобривме одбраната и постигнавме неколку лесни голови. Бековите функционираа добро, на надворешната линија беа навистина добри и тоа беше многу важно за нашата победа“, изјави Брестовац.
Македонија во следната фаза за противници ги има репрезентациите на Русија, Белорусија и Словенија.
Фото: РФМ