Дома Трансфер зона Брајтон не се шегува: Го потврди засилувањето од Борусија Дортмунд!

Брајтон не се шегува: Го потврди засилувањето од Борусија Дортмунд!

Eкипата на Брајтон зад себе има фантастична сезона во која се избори за настап во Лигата на Европа, а поради тоа овој клуб веднаш започна да се засилува.

Си замина Алексис Мекалистер кој потпиша за Ливерпул, а најверојатно скапо ќе биде продаден Мојсес Каиседо, но сега се засилија од Борусија Дортмунд.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Нов играч на англискиот премиерлигаш е Махмуд Дахуд, 27-годишниот фудбалер кој по потекло е Сириец помина седум години на „Вестфален“, а во Брајтон доаѓа како слободен играч.

Тој е трето засилување откако претходно пристигнаа Џејмс Милнер без оштета и Жоао Педро за кого платија 35 милиони евра на Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …