Ансу Фати нема да остане во Брајтон по едногодишна позајмица, но за него веројатно нема место во Барселона, па така ќе мора да бара нова средина.
Бидејќи Барселона не сака да го пушти за малку пари, се најавува дека ќе биде испратен на уште една позајмица. Според информациите на каталонските медиуми клубот кој се споменува како опција за Фати во овој момент е Севиља.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Севиља ќе има промена на тренерот и ќе замине Кике Санчез Флорес, меѓутоа во раководството сметаат дека можат да го вратат Фати на вистинската патека во кариерата и да го искористат неговиот талент.
Фати е дете на Барселона, тој експлодираше во 2019 година, но повредите го уништија во периодот од ноември 2020 до пролет 2022 година. Во тој период го загуби статусот на репрезентативец и беше резервист во Барселона, а не доби стандардно место ни кај Де Зерби во Брајтон.