Најскапиот фудбалер на светот и прва ѕвезда во бразилската репрезентација, Нејмар ги поминува послдните тестови во тренинг кампот на „кариоките“.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, се чини дека напаѓачот на ПСЌ ќе биде целосно спремен за настап со својата репрезентација на Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар поработи повреда уште во февруари и од тогаш нема одиграно ниту еден натпревар. Меѓутоа во првиот дел од сезоната беше фантастичен па ја доби наградата за најдобар фудбалер во француската Лига 1.
После операцијата докторите тврдеа дека рехабилитацијата се одвива во најдобар ред, а денес Нејмар ги помина и последните тестови, па ќе биде спремен да тренира со остатокот од репрезентацијата.
Look who's back… ???@neymarjr limbering up for the #WorldCup ? pic.twitter.com/4JNY8vTqCw
— FIFA World Cup ? (@FIFAWorldCup) May 23, 2018