Валтери Ботас е победник на патеката во Сочи за Големата награда на Русија.
Возачот на Мерцедес ја казни грешката на својот тимски колега Луис Хамилтон, па откако го презеде лидерското место на трката во Сочи, Финецот не ја испушти шансата до самиот крај.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Макс Верстапен како втор ја мина целта, додека Луис Хамилтон заврши трет и не успеа да го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од вкупно 91 победи во кариерата.
Хамилтон на стартот ја задржа водечката позиција во трката, меѓутоа дополнително беше казнет двапати со по пет секинди. Мораше да оди во боксот за да ја одработи казната што на крајот го чинеше првото место.