Aко им веруваме на босанските медиуми, двоецот од Вардар Филип Најдовски и Дарко Мицевски се пред трансфер во босанското првенство.
Наводно Борац Бања Лука сака да ја искористи ситуацијата и да ги доведе Најдовски и Мицевски кои имаа добра сезона во дресот на Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мицевски зад себе веќе има меѓународно искуство Белорусија и Либан, а настапуваше и за Нови Пазар, ОФК Белград и Слобода Ужице.
Од друга страна Најдовски во целата кариера настапуваше за клубови од нашата земја. Пред Вардар беше дел од Цементарница, Напредок, Тетекс, Тетово и Победа.