Aнглискиот фудбалер Џејдон Санчо веројатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд во летниот преоден рок.
Овој 21 годишен фудбалер од поодамна се поврзува со Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ испратиле официјална понуда за репрезентативецот на Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од „Олд Трафорд“ понудил 78 милиони евра за Санчо, но Борусија ја одбила оваа понуда и бара повеќе пари. За услугите на одличниот офанзивец Борусија бара вкупно 95 милиони евра и таа сума да им се исплати во пократкок рок, а не како што побарал Јунајтед на рати во нареднитео пет години.
Меѓутоа крајот на преодниот рок е далеку, па не се исклучува можноста двете страни да дојдат до некаков договор.
€78m bid from @ManUtd for Jadon Sancho turned down by BVB. They want €90 + 5 and a shorter repayment period than the five years suggested. That is not a massive gap but needs closing. Pre-existing gentleman’s agreement in place with player if fee met by right timescale.
— Simon Stone (@sistoney67) June 10, 2021