Борусија Дортмунд денес го потврди трансферот на Кристијан Пулишиќ за кој Челзи плати 64 милиони евра.
Пулишиќ оваа сезона не беше премногу потврден во дресот на „милионерите“, но сепак клубот успеа да заработи огромна сума за овој 20 годишен фудбалер. Сепак, за Дортмунд тоа не е изненадување бидејќи овој бундеслигаш стана вистинска машина за правење пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дортмунд веќе го докторираше тоа да доведе некој играч за мала сума и после две или три сезони на него да заработи огромна сума. Пулишиќ е последниот пример, а претходно на негово место беа Марио Геце, Шинџи Кагава, Пјер-Емерик Обамејанг, Осман Дембеле, Гундоган, Хумелс...
Кагава во Дортмунд стигна за 350.000 евра пред скоро девет години, а после неколку одлични сезони клубот го продаде на Манчестер Јунајтед за 16 милиони евра, па повторно го вратија за осум. Истата работа ја направија кога беше Марио Геце во прашање. Него го продадоа за 37 милиони евра, додека во клубот го вратија две години подоцна за 22 милиони евра.
Голема заработка клубот имаше од Хумелс, Гундоган, Обамејанг, но вистинска премија беше Осман Дембеле. Францускиот играч пристигна за 15 милиони евра од Рен, а само една година подоцна Барса го купи за 120 милиони евра плус дополнителни бонуси. Кога се ќе се собере неговиот трансфер на крајот би требало да изнесува огромни 140 милиони евра.
Обамејанг во Борусија пристигна во 2013 година од Сент Етјен за 13 милиони евра, а на почетокот на 2018 година премина во Арсенал за 64 милиони евра. Истиот износ кој сега го заработи од Пулишиќ. Овој Американец во Борусија пристигна бесплатно. Навистина, капа доле за челниците на Борусија.
„Милионерите“ имаат уште еден бисер во своите редови кој би можел да биде Џандон Санчо. Овој неверојатно талентиран Англичанец пристигна од Манчестер Сити за осум милиони евра, а сигурно нема да замине за помалку од 100 милиони евра.