Европскиот и македонски шампион Вардар поминува низ лош период, па многу ракометари веќе го напуштаат клубот поради лошата финансиска ситуација.
Од раководството на „црвено-црните“ најавија доаѓање на нови ракометари со цел да биде успешно завршена сезона, а прв на листата е долгогодишниот прв голман на македонската репрезентација, Борко Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ристовски има договор со Бенфика до 2021 година, но Вардар веќе испратил понуда и сега преговара со португалскиот гигант за предвремено раскинување на соработката.
Најверојатно тоа е и причината поради која македонскиот голман не бранеше за Бенфика во последните натпревари.
Доколку Борко направи „камбек“ во Вардар, тоа може да биде знак дека контролата на клубот ја презема Михајло Михајловски, кој е во одлични односи со голманот.