После долго време Борко Ристовски зборуваше за неговото изоставување од репрезентацијата каде што некогаш беше редовен член.
Голманот на Вардар гостуваше во емисијата на „Телма“, „Фер Плеј со Јана“ и истакна дека според него не е во репрезентацијата поради неговата политичка определеност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тргнат сум од репрезентацијата политички, по наредба на висок иск човек. Не е ниту важно тоа, не сакам да зборувам. Сепак, тоа за мене беа пресметани ризици и знаев што може да се случи пред јавно да застанам на една политичка страна. Не очекував дека ќе биде толку радикално против мене, но јас сум човек кој е независен од никого и ослободен од сите стеги на општеството, финансиски, човечки и карактерно. Во иднината ќе бидам уште порадикален затоа што потребни се промени во спортот“, изјави Ристовски.
Последен голем настан на Борко во репрезентацијата му беше Европското првенство во 2020 година во Виена.