Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко: Натпреварот со Порто треба да биде слика кон тоа каква екипа се стремиме да бидеме

Борко: Натпреварот со Порто треба да биде слика кон тоа каква екипа се стремиме да бидеме

Вардар после двата натпревари во СЕХА лигата го чека првиот натпревар од вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Противник на Вардар ќе биде португалски Порто. Голманот Борко Ристовски очекува добра игра и позитивен резултат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„После двата натпревари во СЕХА лигата кои ги добивме без разлика што долго време не бевме комплетни и што не одигравме на нивото на кое се очекуваше, важно е што ги добивме тие два меча. Тие две победи се важни за самодовербата и овој натпревар против Порто треба да биде една слика кон што треба да се стремиме како екипа, верувам дека ова е шанса да одиграме добар натпревар. Пред се треба да имаме добра игра и да оствариме позитивен резултат, во однос на споменатите два натпревари треба да играме барем 30% на повисоко ниво. Овој месец февруари ќе биде навистина долг и тежок“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …