Maкедонскиот ракометен голман Борко Ристовски гостуваше во подкастот на познатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров, а во него разговараше на многу теми од кои некои и тоа како се интересни за македонската спортска јавност.
Ристовски веројатно за првпат во јавноста зборуваше дека Кирил Лазаров бил против неговиот трансфер во Барселона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„По доаѓањето во Барселона разбирам некои работи кои во најмала рака не се фер и коректни и одлучувам да прекинам било каква комуникација. Во меѓувреме имавме и еден разговор во кои требаше да си кажеме некои работи. Сега немаме однос, не можам да седам со луѓе кои не се искрени“.
Тој период се поклопува и со Европското првенство на кое Борко како член на Барселона не беше повикан во репрезентацијата.
„Тоа е таа игранка која ми ја подготвија заедно со селекторот Лино Червар кој додека беше кандиат за селектор побара да се видиме преку мој пријател“.
„Потоа имавме еден собир, ја поминавме Чешка, во меѓувреме се случува ова во Барселона и ми ја прават таа игранка. Јас сум кажал многу пати, Кире најдобриот ракометар во историјата на Македонија и еден од нашите најдобри спортисти, но ако малку се распрашате помеѓу луѓето ќе ви кажат дека човечките вредности се под знак прашалник“, зборува Борко.
ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА БОРКО (Делот за несогласувањата со Кире Лазаров е од 58. минута)