Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров беше елиминиран во четвртфиналето на ОИ во Токио.
Во четвртфиналето во категоријата до 97 килограми Нуров беше поразен од Реинерс Салас Перес од Куба. Нуров важеше за фаворит и беше четврторангиран меѓу своите конкуренти, но Кубанецот успеа да слави со 6:4, најмногу благодарение на одличната прва рунда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно во осминафиналето македонскиот борач беше подобар од Мохамед Садауаи со 5:0.
Нуров е последниот македонски претставник на Олимписките игри во Токио кои завршуваат во недела.