Дома Фудбал Италија Бонучи: Торино и Јувентус се мојот дом

Бонучи: Торино и Јувентус се мојот дом

Леонардо Бонучи вчера и официјално се врати во Јувентус после една година поминато во дресот на Милан.

Искусниот штопер ги помина медицинските прегледи и со Старата дама потпиша петгодишен договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така се реализира размената помеѓу Јуве и Милан во која во правец на Сан Сиро замина 24-годишниот штопер Калдара.

„Беше тешко да се замисли дека ова ќе се случи, но добро е што се случи. Возбуден сум. Торино е мојот дом, Јувентус е мојот дом, среќен сум што се вратив.“ – изјави Бонучи по потпишувањето на договорот.

Инаки, Бонучи го носеше дресот на Јувентус од 2010. година до претходното лето кога направи шокантен трансфер во Милан. Сепак, сега 31-годишниот штопер повторно се врати во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп не доаѓа во Мадрид, но веќе се знае кој е новиот тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе влезе во новата сезона со нов тренер, а според сите проценки, тоа ќе биде У…