Утре Манчестер Јунајтед и Јувентус ќе ги одмерат силите во рамките на Лигата на шампиони.
Пред натпреварот Леонардо Бонучи откри дека ова лето можел да заврши на „Олд Трафорд“, но ја одбил понудата бидејќи сакал да се врати во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во минатото имав неколку можности да се преселам во Манчестер. Најпрво имав понуда од Сити во 2016 година, но тогаш одлучив да останам во Јувентус“, открива Бонучи.
„Ова лето имав понуда од Манчестер Јунајтед и преговорите беа во напредна фаза, но ја одбив понудата бидејќи сакав да се вратам во Јувентус. Кога пристигна понудата на „бјанконерите“ решив да ги одбијам сите други понуди“, додаде Италијанецот.
Бонучи ова лето го напушти Милан и се врати во Јувентус, каде претходно помина седум сезони.
#Bonucci racconta: "Offerta dello United in estate, ma volevo tornare a casa" ⚪️⚫️ #ManUtdJuve https://t.co/AF3xPK14qk
— Goal Italia (@GoalItalia) October 22, 2018