Дома Фудбал Италија Бонучи по одлуката на судот: Го добивме тоа што го заслуживме на терен

Бонучи по одлуката на судот: Го добивме тоа што го заслуживме на терен

Денес арбитражниот суд во Лозана ги израдува „росонерите“ , укинувајќи им ја казната која предвидуваше забрана за играње во Европа во една од следните две години (во зависност кога ќе се пласираат).

Откако Милан ја доби ригорозната казна одлучи да испрати жалба до судот во Лозана, а како што споменавме одлуката беше донесена денес и истата одеше во корист на италијанскиот гигант.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Набрзо по одлуката на судот на својот Твитер профил се огласи капитенот на Милан, Леонардо Бонучи.

„Го добивме тоа што го изборивме на терен“, гласеше твитот на капитенот на „росонерите“.

Да потсетиме, токму Бонучи на големо се поврзуваше со заминување од Милан, но сепак ваквата одлука би можела да биде причина да продолжи да го носи дресот на „росонерите“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пике го прашаа кој најмногу го понижил – измеша Србин и Хрват!

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, во разговор со познатиот јутубер Плекс и …