Дома Фудбал Интер договори хрватски талент

Интер договори хрватски талент

Интер е на пат да постигне договор со Хајдук (Сплит) околу доведувањето на централниот дефанзивец Бранимир Млaчиќ, пренесуваат од Италија и Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се смета дека најновата понуда на “нераѕурите” изнесува околу 5,5 милиони евра. Младиот дефанзивец ќе добие договор до летото 2030 година, а ќе остане во Хајдук на заем до крајот на оваа сезона.

Во миланскиот гигант се надеваат дека ќе успеат да ги спроведат медицинските прегледи на 18-годишниот талент во наредните денови. Млaчиќ се истакна во првиот состав на тимот од Сплит оваа сезона, играјќи 18 натпревари со 2 асистенции во сите натпреварувања. Исто така, тој дебитираше за Хрватска U21 во ноември.

Минатиот месец се зборуваше и за можноста Интер да доведе друг хрватски дефанзивец – Морис Валиnчиќ, по повредата на Денцел Дамфрис, но за 23-годишниот десен бек на Динамо (Загреб) интерес пројавуваат и Наполи и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски многу близу до двегодишен договор во МЛС

За првпат во својата кариера Роберт Левандовски ќе игра надвор од Европа. На 37-годишна во…