Дома Фудбал Во Реал и ремито е трагедија, а камоли ова! Арбелоа под удар во Шпанија, се обиде да ја разјасни ситуацијата

Во Реал и ремито е трагедија, а камоли ова! Арбелоа под удар во Шпанија, се обиде да ја разјасни ситуацијата

Алваро Арбелоа не започна успешно како тренер на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо. Овој гигант доживеа неуспех во Купот на кралот, каде беше поразен од второлигашот Албасете со 3:2 во осминафиналето, а новиот тренер на „Кралевите“ се обидуваше да објасни нешто што едноставно не може да се оправда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со два гола во 82-та и 90+4-та минута, херој на Албасете беше Хефте Бетанкор, оставувајќи длабоки рани кај Реал и одземајќи му шанса за вториот трофеј оваа сезона, по поразот во Суперкупот на Шпанија.

Арбелоа ја презеде вината врз себе.

Свесни сме за тешкотиите на тимот и од сега мора да се подобриме. Јас сум одговорен бидејќи јас ги носев одлуките, измените… Можам само да им се заблагодарам на играчите за вложениот труд и да се обидам да го кренам нивниот морал, започна Арбелоа.

Поранешниот дефанзивец на клубот ја објасни суштината на Реал Мадрид.

„Во овој клуб, дури и ремито е трагедија, а камоли ваков пораз. Нашите навивачи сигурно се уништени.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разоткривање: се подготвува трансфер на Осимен уште сега

Се чини дека Виктор Осимен се обидува да го напушти Галатасарај поради друг клуб. Ова го о…