Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи ја пофали силата на тимот на „аѕурите“, стоперот на Јувентус смета дека заедништвото е најголема сила на оваа Италија.
„Во оваа Италија можеби немаме играчи како Кристиано Роналдо или Ромелу Лукаку, но ѕвездата на италијанскиот тим е групата, тоа е клучот на успехот. Мораме да покажеме тимси дух и со победи да ја вратиме среќата кај Италијанците после негативното искуство на СП 2018 година“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италија Светското првенство ќе го отвори во петок против Турција.
„Цела година го чекавме овој момент, започнува една голема авантура, секако дека сакаме да одиме до крај. Пред нас има селекции со поголемо искуство, но ние сме тука да се натпреваруваме и никогаш нема да се откажеме“, порача Бонучи.