Дома Фудбал Италија Бонучи: Дајте ми ја Барселона, само не Баерн!

Бонучи: Дајте ми ја Барселона, само не Баерн!

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи има свој фаворит пред утрешниот жреб за четвртфиналето во Лигата на шампиони и ја посакува Барселона.

Барселона пред две години го совлада Јувентус во финалето 3:1, голем дел од фудбалерите кои играа во финалето и понатаму се играчи на „старата дама“, па Бонучи посакува реванш во овосезонското четвртфинале.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Влеговме меѓу најдобрите осум во Европа и сега е време да тргнеме со сите сили напред. Можеби многумина го посакуваат Лестер, најголемото изненадување во досегашниот тек од ЛШ, но јас лично повеќе би сакал да ја добиеме Барселона. Натпреварите против тимот која не порази во борбата за трофејот пред две години би биле силен мотив за нас“, изјави Бонучи.

„Би сакал да го избегнеме Баерн. Каде и да е тренер Карло Анчелоти наоѓа начин да победува на фудбалските натпревари, исто како и Пеп Гвардиола. Повеќе би сакал со Баерн да се сретнеме на само еден натпревар, во финалето, каде се е можно“, додаде Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…