Дома Топ вести БОМБА од Шпанија: Реал кешира 200 милиони за ѕвездата од Премиер лигата!

БОМБА од Шпанија: Реал кешира 200 милиони за ѕвездата од Премиер лигата!

Како што пренесуваат шпанските медиуми Реал Мадрид по секоја цена сака да го доведе Хари Кејн во своите редови и спрема „непристојна понуда“ до Тотенхем.

Хари Кејн игра фантастично и само во септември постигна 13 години, па важи за еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и Европа.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Како што пренесува шпанскиот новинар Едуардо Инда, Реал веќе подолго време ги следи неговите настапи и е одлучен во намерата да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

„Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе Хари Кејн за следната сезона, но сите знаеме дека неговата цена ќе биде приближно 200 милиони евра“, изјави Инда.

Од друга страна, Тотенхем во претходниот преоден рок јасно стави до знаење дека не ни размислува за продажба на својата најголема ѕвезда.

Сепак, „кралевите“ спремаат непристојна понуда од 200 милиони евра, што сигурно ќе ги натера на размислување челниците на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…