Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Нејмар се враќа во Барселона

„Бомба“ од Шпанија: Нејмар се враќа во Барселона

Шпанскиот весник „Марка“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Нејмар ова лето би можел да се врати во Барселона.

Веќе подолго време силни се шпекулациите дека Реал Мадрид работи на трансферот на Бразилецот, но „Марка“ тврди дека агентите на Нејмар имале средба со неговиот бивши клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа информација е шокантна особено поради фактот што Нејмар минатото лето на „скандалозен“ начин ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.

Меѓутоа Нејмар не е среќен во Париз и сака да ја промени средината, а агентите само го испитале пулсот на претседателот на Каталонците, Жосеп Марија Бартомеу.

Главната трансфер цел на Барселона Антоан Гризман одлучи да остане во Атлетико Мадрид и им ги поремети плановите.

„Марка“ тврди дека сега откако пропадна трансферот на Гризман постои можност Нејмар да се врати на „Камп Ноу“ бидејќи е спремен да прифати помала плата, но шансите за такво нешто сепак се мали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…