Примарна трансфер цел на Челзи во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Според последните информации од Англија, „сините“ се откажале од Ерлинг Халанд и сега ќе се насочат кон враќање на Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тухел сака искусен напаѓач кој има искуство во Премиер лигата, а Челзи сака да ја поправи грешката со Лукаку и е спремен да плати 90 милиони фунти за неговиот потпис.
Абрахам и Вернер ќе бидат ставени на продажба, а Тухел смета дека со Лукаку ќе ги реши сите проблеми во нападот.
Белгиецот игра фантастична сезона во Интер, но „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми па Челзи ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.