Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Ливерпул тргнува по Гризман

„Бомба“ од Островот: Ливерпул тргнува по Гризман

Ливерпул во следната сезона нема да претрпи многу промени во играчкиот кадар, Јирген Клоп во главно е задоволен од тоа што го има.

Сепак, за да се направиме чекор напред во Премиер лигата очигледно е потребно некое звучно засилување, па во врска со Ливерпул се доведуваат некои од најпочитуваните фудбалери во овој момент. Кога се откажаа од Де Лихт, во прв план е Кулибали за кого заинтересираните клубови треба да одвојат повеќе од 100 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повторно се пробуди интерес на Клоп за Фекир, во клубот сметаат дека 50 милиони евра би биле доволни за играч чиј договор истекува следното лето. А сега се појави и ново име – Антоан Гризман. 

Французинот сигурно ќе го напушти Атлетико, многумина веруваат дека веќе се е договорено со Барселона, но официјална потврда се уште нема. Наводно Манчестер Јунајтед е спремен да го расипе планот на Каталонците, а англиските медиуми пишуваат дека во оваа трка ќе се приклучи и Ливерпул.

Откупната клаузула изнесува 120 милиони евра, парите во Мерсијад не би требало да претставуваат проблем, па „црвените“ во наредните денови ќе се обидат да го убедат Гризман да се пресели на „Енфилд“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…