Дома Фудбал Италија „Бомба“ од Апенините: Ѕвездата на Манчестер Сити потпишува за Лацио

„Бомба“ од Апенините: Ѕвездата на Манчестер Сити потпишува за Лацио

Лацио после 13 години конечно се враќа во ЛШ и јасно е дека челниците на овој клуб ќе се обидат да го засилат тимот во летниот преоден рок.

Медиумите на Апенините објавија дека Лацио покажал голем интерес за Давид Силва кој на крајот од оваа сезона ќе биде слободен играч, бидејќи му истекува договорот со Манчестер Сити.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Силва одлучи после десет години да го напушти Етихад и имаше шпекулации дека ќе се врати во Шпанија. Сепак, неговата следна дестинација може да биде и Италија, а Газета дело Спорт пишува дека Силва е заинтересиран кариерата да ја продолжи на Олимпико.

Газета денеска пишува дека Силва веќе имал разговори со челниците на Лацио и дека постигнале усмен договор. Овој 34- годишен играч со Лацио ќе потпише три годишен договор, а ќе заработува околу пет милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…