Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Милан тргнува по Икарди

„Бомба“ од Апенините: Милан тргнува по Икарди

Мауро Икарди оваа сезона игра како позајмен фудбалер во ПСЖ, но веќе донел одлука да се врати во Италија.

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пишува дека Ванда ја соопштила одлуката на директорот на ПСЖ, Леонардо. Според нивните информации Икарди одлучил да не остане во Париз и сака да се врати во Италија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со оглед на фактот дека за Икарди повеќе нема место во Интер, ситуацијата внимателно ја следи Милан и сака да направи спектакуларен трансфер.

Милан е во потрага по напаѓач кој ќе го замени Златан Ибрахимовиќ и смета дека Икарди е вистински лидер и голгетер каков што му е потребен на „росонерите“.

Неговата сопруга и менаџер Ванда Нара сака да остане во Милано и тоа е „картата“ на која играат „росонерите“.

Проблем може да биде високата цена на Аргентинецот, но Интер преферира да го продаде напаѓачот  на Милан наместо на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…