Дома Фудбал Италија „Бомба“ од Апенините: Конте се враќа во Јувентус!?

„Бомба“ од Апенините: Конте се враќа во Јувентус!?

Јувентус на крајот на сезоната ќе „раскине“ со Андреа Пирло и веќе ја започна потрагата по нов тренер.

Во последните денови на големо се шпекулира со евентуално враќање на Макс Алегри на клупата на Јувентус, но познатиот новинар Паоло Барџиџа лансираше вистинска „бомба“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, тој тврди дека Антонио Конте на крајот на сезоната ќе го напушти Интер и ќе се врати на кормилото на Јувентус.

„Фабио Паратичи ми кажа дека Ањели останува претседател, Пирло го напушта клубот без разлика што ќе се случи. Алегри е опција за тренер, но внимавајте и на Конте“, кажа новинарот.

Конте во моментов е на добар пат да ја прекине доминацијата на Јувентус, која почна токму од него пред 10 години, односно во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Арсенал и Сити, Тухел се налути, сите се прашуваат „што се случува со Роналд Араухо“? (Видео)

Крилниот напаѓач на Арсенал, Нони Мадуеке, се повреди на пријателскиот натпревар помеѓу Ан…