Ни Обамејан, ни Мората, ни Коста, ни Белоти, стигнува еден од најталентираните напаѓачи во Европа.
Пукна бомбата на Сан Сиро! Долгоочекуваниот и најавуван напаѓач од врвна класа кој Милан го брка со недели синоќа беше договорен. Иако на прв поглед не делува така. Не е звучно име како што се најавуваше, но може да биде засилување од врвен калибар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан синоќа го заврши договорот за трансфер на Андре Силва од Порто.
Португалецот е еден од најдобрите млади „9-ки“ во Европа, а синоќа Милан, со неговиот менаџер Жорге Мендеш, ги договори сите детали за трансферот. Силва е веќе во Милано, а денес следат лекарските прегледи и потоа потпишувањето на петгодишен договор.
Милан со недели бркаше капитално засилување во нападот. Го сакаа Обамејан, не можеа да му ја понудат платата која ја зема во ПСЖ. Го сакаа Мората, тој не сакаше кај нив. Го сакаа Белоти, но Торино бараше превисоки 100 милиони евра. Го сакаа Диего Коста, но неговата плата беше превисока. На крајот се одлучија за Андре Силва. Млад е, перспективен, но прашање е дали со 21 година може да го понесе товарот на најголемо летно засилување на славниот клуб. Од него се очекува да испорача дваесетина гола и да го внесе Милан во Лигата на шампионите.
Првиот контакт со Силва беше воспоставен на финалето од Лигата на шампионите во Кардиф, каде директорскиот тандем од Милан, Фасоне-Мирабели, разговараше со моќниот агент Жорге Мендеш кој го застапува Силва. Синоќа Мендеш допатува во Милано и сè е договорено. Мендеш е клучен човек за трансферот, бидејќи успеа да го смекне ставот на Порто, со оглед на фактот дека клубот инсистираше на откупна клаузула од 60 милиони евра. Но, влијанието на Мендеш во клубот им помогна на Росонерите и Порто се согласи на 38 милиони евра, без бонуси, бидејќи Милан претходно предложи 30 милиони евра плус 10 милиони за бонуси. Ова е втор најскап трансфер во историјата на Росонерите. Рекордот го држи земјакот на Силва, Руи Кошта кој беше платен 44 милиони евра.
Силва утрово во 7:30 беше договорено да ги започне лекарските прегледи во Милано. Тој одамна важи за голем талент и центарфор на кој португалскиот фудбал чекаше долго време. За Б тимот на Порто дебитираше на 17 години, а за првиот тим на „Змејовите“ дебитираше предминатата сезона и постигна три гола на 14 натпревари. Минатата сезонма доби сериозна шанса и експлодираше на теренот. На 44 натпревари постигна 21 гол и се избори за статус во А репрезентацијата на Португалија. На репрезентативното деби постигна хет-трик за 19 минути.