Ако може да веруваме на американските медиуми, Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да се врати во Европа.
Иако имаше гласини за потенцијалниот трансфер во Милан, овој пат Златан не се поврзува со „Росонерите“. Наводно, Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во Манчестер Јунајтед, клубот од кого и пристигна во редовите на Ла Галакси.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Според пишувањата на „ЕСПН“, тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е подготвен да се обиде да го доведе Ибрахимовиќ на краткорочна позајмица. Мурињо, чија столица на „Олд Трафорд“ се уште е не стабилна, под итно му се потребни квалитети во екипата, но потребна му е и лидерска фигура во соблекувалната, каква што е Швеѓанецот.
„Вистинската вредност на Ибрахимовиќ за Мурињо кој е под притисок е неговото влијание во соблекувалната. За некои во Јунајтед не е случајност што кавгите во екипата започнале по заминувањето на Ибра во МЛС“, напшиа Огден, новинар на ЕСПН.