Дома Топ вести БОМБА во самиот финиш: ПСЖ понуди богатство за ѕвездата на Тотенхем

БОМБА во самиот финиш: ПСЖ понуди богатство за ѕвездата на Тотенхем

ПСЖ не се откажува од намерата да донесе врвен играч за врска, па откако дефинитивно пропадна трансферот на Ракитиќ, сега „светците“ имаат друга мета.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на ПСЖ е спремно да понуди 100 милиони фунти за ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ериксен беше мета на многу европски гиганти, но неодамна го продолжи договорот со Тотенхем, сепак францускиот шампион е спремен да му понуди двојно поголема плата.

Тешко е да се поверува дека „спарси“ ќе ја прифатат понудата за еден од најважните свои фудбалери, бидејќи трансфер пазарот во Англија е затворен.

Сепак, ПСЖ не се откажува и работи на трансферот, па останува да видиме дали ќе успее во намерата во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…