Досегашниот фудбалер на Пари Сент Жермен, Серж Орие кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата во дресот на Тотенхем.
„Скај Спорт“ потврди дека одличниот десен бек денес ќе допатува во Лондон на медицински прегледи, а потоа и официјално ќе стане играч на Тотенхем.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Истиот извот наведува дека „Спарси“ за овој трансфер ќе плати 23 милиони фунти.
Орие беше голема желба на тренерот Маурисио Покетино, па после Девинсон Санчез ќе биде второ засилување за одбраната на „спарси“.
Орие и самиот го најави овој трансфер со порака на Твитер, која не беше многу јасно, но е само потврда на она што го овјави „Скај Спорт“.
✅???????
— Serge Aurier (@Serge_aurier) August 30, 2017