Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европа.
Французинот имаше многу проблеми во Ал Итихад, едно време беше исфрлен од тимот поради недисциплина, и дефинитивно не се снајде во Саудиска Арабија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Турските медиуми денес пренесуваат сензационална вест. Најголемата желба на претседателот на Фенербахче, Али Коч, е токму Бензема.
Се уште не е познато колкави се реалните шанси поранешниот напаѓач на Реал Мадрид да го засили Фенербахче.
Бензема има договор до 2026 година, но веќе му порачал на својот агент дека сака да се врати во Европа.
💥Fenerbahçe Başkanı Ali Koç, Benzema ile görüştü.
— Fanatik (@fanatikcomtr) May 27, 2024
(Ahmet Selim Kul) pic.twitter.com/47QCqN1gPk