Дома Топ вести „Бомба“: Баерн Минхен го сака Каземиро

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Каземиро

Томас Тухел неодамна пристигна во Баерн Минхен, а на лето ќе има поддршка да донесе засилувања по своја мерка.

Германските медиуми пренесуваат дека Тухел побарал од раководството две засилувања, едно во нападот и едно во средниот ред.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кикер“ пренесува дека примарна цел на Тухел во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кеземиро.

Бразилецот минатото лето за 70 милиони евра пристигна на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид и веднаш се вклопи во тимот на „црвените ѓаволи“.

Каземиро се наметна како вистински лидер, игра одлична сезона, па тешко е да се поверува дека Јунајтед ќе сака да го пушти.

Тухел го гледал како совршен играч за тимот на Баерн Минхен, па раководството нема да жали пари за да му ја исполни желбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…